Мажите родени во овој хороскопски знак најчесто се разведуваат

9 мај, 2021
horoskop-161919-1

Бракот е една од најголемите авантури што можат да ги доживеат две лица во животот. Сите бракови започнуваат со најдобри намери, сепак, често се случува брачниот живот да не му обезбеди на партнерот она што го очекувал и на што се надевал.

Судејќи според хороскопот, мажите родени во знакот на Водолија се најмногу склони кон развод.

Причината за ова не лежи во прељуба, туку во нивната желба за слобода и независност.

Имено, пријателството и љубовта се еднакво важни за Водолијата. Понекогаш знаат да го идеализираат партнерот, но претежно се рационални. Тие вложуваат многу во врската и постојано ја збогатуваат со новости. Тие не се сентиментални ни лажливи во врската. Но, тие претпочитаат пријателство од трајни и обврзувачки заедници.

Честопати им е тешко да се одлучат за брак. Не се премногу страствени и не сакаат да се предаваат до крај. Очекуваат партнерот да ги задоволи и да размислува на нивниот начин. Не очекувајте мирна и глатка врска со Водолија. Отпрвин ќе ве обземе со внимание, но штом возбудата ќе помине, ќе бидете отпуштени без церемонија, освен ако не сте доволно паметни да ја претворите љубовта во пријателство.

Иако брачната врска не им одговара, тие сепак се трајно врзани, но тогаш тие бараат целосна слобода. Тие се многу толерантни кон брачниот другар, но ако им е попречено најважното – слободата, Водолијата ќе одлучи да се разведе без многу размислување, пишува Индекс.