Мислевте дека Тиндер е само за авантура?Паровите кои вака се запознале наводно остануваат подолго заедно, еве и зошто!

3 јануари, 2021
shutterstock_1449955607


Психолозите истакнуваат дека луѓето кои користат апликации за запознавање имаат појасни цели во врската, а со тоа и поголема шанса да најдат посебна личност


Апликациите за состаноци обично се перципираат како платформи за наоѓање краткорочна авантура, но едно истражување покажа дека тие се всушност најдоброто место за да најдете врска на долг рок.

Според резултатите од истражувањето, паровите кои се запознале преку Интернет најверојатно ќе останат заедно подолго отколку оние парови кои ја започнале својата врска на повеќе традиционален начин.

Психолозите тврдат дека луѓето кои користат апликации за средби имаат посилни цели во врската, а со тоа и поголема шанса да најдат посебна личност.

Истражувањето е спроведено на 3.235 парови постари од 18 години во Швајцарија, а се покажало дека оние кои се запознале преку апликациите биле повеќе подготвени да живеат заедно.

Покрај тоа, жените кои користеле апликации како Тиндер или Бамбл за да најдат партнери имаат поголема веројатност да имаат деца, додека и мажите и жените кои се запознале преку Интернет биле исто толку сексуално и социјално задоволни како и другите парови.

Студијата исто така покажа дека апликациите помагаат во одржување на врски на далечина, како и поврзување на разновидни парови, како што се високо образовани жени и помалку образовани мажи.

Пред апликациите за дружење да доживеат силен пораст, партнерите преку Интернет најмногу ги бараа луѓето постари од 40 години и неодамна разведени.

„Интернетот ја смени динамиката на запознавање затоа што обезбедува многу можности со минимален напор“, рече др. Џина Потарц од Универзитетот во Женева.

escort - Korsan taksi