Млада Месечина во волшебната Водолија: Тајни врски и нова љубов ги чекаат ОВИЕ хороскопски знаци

11 февруари, 2021
30db16b65536e6bcff81600c7351f2ae9a61d852

Оваа млада Месечина најмногу ќе се одрази на Бик, Лав и Водолија.

Сè што започнувате сега или донесете одлука, ќе се рефлектира во следните шест месеци. Сега е вистинско време да започнете нешто ново и да го реализирате затоа што новата Месечина е во волшебната Водолија.

Секоја идеја што е морална, отворена, точна ќе има поддршка од оваа Месечина, негативна, корумпирана ќе биде строго казнета. Водолијата е ширина, отвореност, вистина. Таа не толерира лаги. Како оваа Млада Месечина ќе влијае на вашиот знак и подзнак:

Овен

Оваа Млада Месечина се случува на 11-то поле. Треба да се свртите кон тимска работа, да бидете фокусирани на комуникација. Слушајте ги другите и обидете се да не бидете лидер. Можен е помал финансиски проблем. Ова може да доведе до несогласувања со партнерот. Ќе ви пристигнат пари на кои не сметавте.

Бик

Оваа Млада Месечина се случува на 10-то поле. Сега кариерата ќе биде нагласена. Можни се нови деловни планови, како и реализација на некои стари планови. Сега е добро време да се фокусирате на личниот развој. Многу бикови ќе го искористат овој период за понатамошно образование, а некои ќе се обидат да го завршат одамна започнатиот факултет. Само напред.

Близнаци

Оваа Млада Месечина се случува во 9-та куќа. Имате идеи и планови, но како да ви се врзани рацете. Сега навистина е таков период. Би било добро да се свртите кон себе и убаво да ги организирате своите мисли, идеи и да бидете трпеливи да го поминете овој период. Кога ќе помине, напред со полна пареа.

Рак

Оваа млада Месечина се случува во 8-та куќа. Интимноста е нагласена и постои можност за дискусија со вашиот партнер.Вашите мисли не се целосно искрени. Партнерот го чувствува тоа. Дадена ви е можност за дополнителна работа. Ќе управувате со туѓи пари, некој ви верува. Прифатете го тој предизвик.

Лав

Оваа Млада Месечина се случува во 7-та куќа. Тоа поле ве прикажува вас и луѓето спроти вас. Деловни партнери и љубов. Можна е нова скриена, тајна љубов. Земете предвид како ќе ја презентирате оваа врска во јавноста. Нова работа е пред вас. Така кажано чука на вратата.

Девица

Оваа Млада Месечина се случува на 6-то поле. Вашиот секојдневен живот, работа, пријатели, деца и семејство бараат некаква промена. Сега можете да ги промените навиките за јадење и живеење. Одлично е да се презентираат нови идеи во бизнисот. Е имате поддршка од претпоставените. Потребна е рамнотежа на мисли и идеи.

Вага

Оваа Млада Месечина се случува на 5-то поле. Изразена е романса и потреба за љубов. Нова љубов е пред вас. Вие само треба да ги отфрлите старите правила и идеи. Отворете го срцето кон новата личност и шармирајте. Сигурно го правите тоа добро. Универзумот ве поддржува.

Скорпија

Младата Месечина се случува на 4-то поле – дом и семејство. Размислете многу за иднината. Можно е преселување. Сега многу скорпии ќе решат да живеат заедно, а некои ќе стапнат на лудиот камен. Размислете за вашето потекло, генетиката. Семејните односи се добри.

Стрелец

Оваа Млада Месечина се случува на 3-то поле. Имате силен оптимизам. Треба да ги усогласите желбите и плановите. Работете на личен развој. Запишете дополнителен курс. Луѓето од семејството сега можат да ви помогнат и да ве водат во кој правец треба да се развива вашата кариера. Прифатете ги нивните совети.

Јарец

Оваа Млада Месечина се случува на 2-то поле. Тоа се финансии. Сега е идеално време да направите бизнис план.Испитајте ги сите можности и одберете го вистинскиот. Сите одлуки донесете ги со ладна глава. Оставете ги емоциите настрана кога станува збор за работата.

Водолија

Оваа Млада Месечина ви носи оригиналност и уникатност. Промените се случуваат во физичка смисла. Сега е вистинското време да ја смените фризурата. Менталните промени ве туркаат напред и имате одлични идеи. Времето е на ваша страна. Енергијата извира од вас. Сè што мислите сега, можете да го постигнете.

Риби

Оваа Млада Месечина се случува на 12-то поле. Полето на тајни, потсвеста, духовното поле Многумина од вас ќе се повлечат во длабочините во наредниот период. Тогаш не треба да губите фокус. Се изразува потребата за емотивен мир. Можно е да најдете партнер кого ќе треба да го држите далеку од очите на јавноста.

escort - Korsan taksi