Момче нон-стоп сонувало дека умира, а потоа открил антички двојник кој умрел на тој ист начин (ВИДЕО)

25 февруари, 2021
My-Post-2-12-e1614255160293

Еден млад човек кој постојано сонувал дека умира и дека му гори кожата, открил стар двојник кој починал на ист начин. Роберт Толпи ќе се разбудеше во пот по кошмар, а бројот A-14Z29 секогаш ќе беше во неговата глава.

Секако, тој реши да пребара на Google, но не доби резултати. Потоа ѝ се обратил на една пријателка која е уметничка конзерваторка во надеж дека таа ќе може да му каже нешто повеќе.

Тој ѝ раскажа за мистериозниот број што му поминува низ главата, а таа заклучи дека можеби станува збор за портрет-ознака. Бидејќи била на работа, го побарала бројот за Роберт, а потоа работите станале морничави.

Корисникот на TikTok покажа за кој портрет станува збор и невозможно е да се одрече сличноста со него. Покрај тоа, еден пријател дознал дека господинот од портретот, наводно, починал од сипаници пред 500 години, па веројатно затоа Роберт се чувствува како да му гори кожата во сон.

Видеото брзо стана вирално и ги полуде корисниците на TikTok.

„Дефиниција за реинкарнација“, „Ако се шегуваш, кажи ми веднаш затоа што сум премногу исплашен“, „Ова не може да биде реално“, „Чувствував трнење на секој дел од моето тело“, се некои од коментари.