Нѐ очекуваат нови нешта: Втората полна месечина носи големи промени

2 август, 2021
Screenshot_1

На крајот на декември 2020 година, Сатурн и Јупитер го започнаа својот дваесетгодишен циклус. Она што тогаш само што започна да се формира во нашите животи, сега е „осветлено“ од полната месечина во Водолија

Јупитер и Сатурн се симбол на потеклото

Имавме исклучително важна полна месечина оваа година во Водолија на 24 јули, а ќе имаме две полни месечини во Водолија во период од триесет дена. Тоа е речиси идентично со степенот со кој Јупитер и Сатурн го започнаа својот циклус на 21 декември 2020 година. Нивниот циклус трае дваесет години и оваа точка ќе биде „жива“ цело време, а ќе носиме важни одлуки за нашата иднина.

Сонцето во Лав

Сонцето во Лав ја претставува владејачката структура, а Месечината луѓето, масите, групите луѓе што се обединуваат.

Промената на политичкиот поредок е неизбежна

Симболиката што ја носат Јупитер и Сатурн ќе дојде до израз, а тоа е промена на редот, како во политиката, така и во начинот на кој функционира општеството.

Чувари на небото

Четирите фиксни sвезди формираат крст на небото и ги претставуваат чуварите на небото, четирите страни на светот и предизвикувачи за големи политички настани, лидерство, царство. Тие можат да ја подигнат судбината над просекот, но можат да донесат и страшен крај.

Младата месечина е бунтовник

Оваа полна месечина ќе биде поттик за бунт, копнеж за слобода. Водолијата сака да биде независна и суверена, дури и помасовни и поорганизирани улични протести ќе се започнат низ целиот Свет. Доволна е и најмалата причина за луѓето да се соберат на куп.