НАПРАВЕТЕ ГО ОВА И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕТЕ БЕЗ ПАРИ: Еве што треба да имате во паричникот за да привлечете пари!

5 мај, 2021
novcanik-i-novac

Ако сакате секогаш да имате пари, еве како да го направите тоа!

Велат дека парите доаѓаат кај оние кои знаат како да ги привлечат. Според Фенг Шуи и други слични филозофии, постојат бројни, едноставни начини кои ќе привлечат пари и ќе му овозможат на вашиот паричник да биде секогаш полн. Суштината е да ги задржите работите што привлекуваат позитивна енергија и да започнете со фрлање на стариот, искинат паричник и купување нов, по можност црвен.

А еве и што треба да ставите во него, имате неколку опции.

Сребрена паричка

Сребрената паричка во паричникот ќе привлече пари на многу начини. Прво, среброто е добро за привлекување пари, а второ, среброто е метал, што во филозофијата на Фенг Шуи претставува свежина, прецизност и јасност.

Покрај привлекувањето богатство, тој исто така симболизира заштеда. А и парите привлекуваат повеќе пари, па сребрената паричка е дефинитивно една од најдобрите работи што можете да ги ставите во вашиот паричник.

Нова банкнота

Кога, на пример, ќе подигнете пари од банкомат или ако ви дадат понова, „испеглана“ банкнота некаде во продавница како кусур, чувајте ја во паричникот. Колку е поголема вредноста на банкнотата, толку подобро, но генерално, не е правило дека мора да биде голема, може да чувате и 50, 100 денари.

Според Фенг Шуи, тоа ќе привлече позитивна енергија и просперитет.

Каменче

Камењата го претставуваат елементот на Земјата во Фенг Шуи, привлекувајќи добра енергија и стабилност. Црните или зелените камења имаат уште поголема моќ – и тие не треба да бидат големи, туку помали, кои се вклопуваат во паричникот без никакви проблеми.

Зрна од ориз

Голем дел од човечката популација зависи од оризот, во смисла дека тој е една од главните намирници во нивната исхрана. Симболизира добар живот и се верува дека го намалува импулсот за трошење пари.

Совет е да чувате 21 зрно ориз во вашиот паричник за да привлечете пари, а повремено менувајте ги, така што секогаш ќе привлекувате свежа енергија.

Морска сол

Важно е да биде морска, а не некоја друга сол. Завиткајте малку сол во проѕирна фолија и чувајте ја во паричникот. Се верува дека солта ја апсорбира негативната енергија од паричникот и на тој начин „прави простор“ за позитивна енергија.