Наследникот на Џереми Микс: Жените полудеа по овој баран криминалец! (ФОТО)

13 јануари, 2021
239261_djes_ls

Жените го преплавија Facebook и Twitter профилот на полицијата со коментари во рекордно време

Откако викторијанската полиција во Австралија објави фотографија од бараниот криминалец Џес Мабилио (28), апелирајќи за помош при потрагата, Facebook беше преплавен со коментари од жени кои целосно полудеа за овој згоден човек.

Иако припадниците на полицијата ја објавија сликата во надеж дека некој може да има информации за неговата моментална локација, жените како од топ напишале дека повеќе сакаат да одат на состанок со него отколку да го пријават во полиција.

„Се надевам дека ќе го најдам на Tinder пред полицијата“, гласеше еден коментар.

Друга корисничка напиша „дека сум најмалку четириесет години помлада“, додека трета напиша дека „може да дојде кај неа да се сокрие“.

Една луда жена додаде: „Обвинет за неовластено влегување во срцата на самохраните мајки на Facebook“.

Да потсетиме, Џес Мабилија не е првиот баран човек што се слави со фотографија од полицискиот налог.

Џереми Микс е најпознатиот и најзгодниот криминалец во Светот, кого го прослави фотографија од полицијата по апсењето во 2014 година. Потоа го доби прекарот „секси затвореник“. Поранешниот член на бандата тогаш беше осуден за поседување пиштол и одлежа две години затвор.

По излегувањето од затвор, тој потпиша профитабилен договор со агенцијата за таленти White Cross Management.

escort - Korsan taksi