Научно потврдено: Ако сте родени на овој ден од годината, ќе ве следи среќа, а најдепресивен датум е…

26 февруари, 2021
Sreca-2-1536x1025

Кој датум на раѓање е најсреќен?

Откако постојат луѓето, постојат и различни толкувања на симболиката на броевите што се наоѓаат во датумите на нашето раѓање.

Иако никој не може со сигурност да тврди дека овие толкувања се точни, сепак е факт дека тие се, ако ништо друго, секогаш забавни.

Таквата категорија вклучува и едно истражување во Велика Британија во кое учествувале 2.000 луѓе.

Нивната задача беше да го изразат степенот на задоволство од датумот на нивното раѓање.

Како што се очекуваше, најзадоволни се луѓето кои се родени во лето, а поточно: 60 проценти од родените во јуни биле среќни поради нивниот роденден, 59 проценти во јули и 53 проценти од испитаниците родени во август.

Врз основа на изјавите на испитаниците, се покажа дека најсреќниот роденден е на 28 јули.

И како најважни причини се наведува дека скоро сигурно ќе биде топло тој ден, лето е, а платата е близу.

Исто така, сосема логично, најнезадоволни се децата родени во зимските месеци. Како што се очекуваше, периодот пред католичкиот Божиќ беше прогласен за најочајувачки период, а 16 декември беше издвоен како „погрешен“ датум за раѓање.

Интересно е уште едно истражување, што донекаде ја потврдува приказната за овие два датуми – имено, утврдено е дека децата родени во јуни имаат најголеми шанси да завршат факултет.

Исто така, лицата родени во август се во водство според заработка, додека декемвриските деца, во просек, имаат најниски плати.