Нема подобар ден за откажување од пушењетo од денес! Издржете 24 часа без цигари, а потоа следете ги овие петнаесет чекори!

17 февруари, 2021
Screenshot_3

Покрај Светскиот ден против пушењето, кој се слави во месец мај, на 17 февруари годинава, се слави и национален ден посветен на непушачите – „Ден без чад од тутун“.

Со одбележување на овој ден, се прават напори да се охрабрат пушачите да се откажат од пушењето 24 часа, со поддршка на семејството и јавноста, да сфатат дека тоа не е невозможно и да се продолжи со воздржаноста. Исто така е добра можност пушачите да размислат за нивната зависност од цигари, колку пушењето им штети на нивното здравје, на здравјето на семејството и како влијаат на нивната околина.

Ако сте подготвени да го прифатите предизвикот и да се откажете од пушењето, не изоставувајте ниту еден од петнаесетте совети! Тие се едноставни, разбирливи, лесни за примена и ефективни.

Чекор 1: Изберете ја, за вас, најважната предност на непушењето

Чекор 2: Одредете го датумот на кој ќе престанете да пушите

Чекор 3: Подгответе се физички да престанете да пушите

Чекор 4: Подгответе се ментално за да престанете да пушите

Чекор 5: Испланирајте си награди кои ќе ве мотивираат

Чекор 6: Наљудувајте ги непушачите и имитирајте ги

Чекор 7: Престанете да пушите со мала церемонија

Чекор 8: Јадете и пијте така што ќе го победите пушењето

Чекор 9: Одвојте време за одмор и релаксација

Чекор 10: Разбудете ја способноста за замислување

Чекор 11: Користете ја духовата сила

Чекор 12: Задушете ја желбата за пушење

Чекор 13: Ако сте попуштиле и сте запалиле цигара, почете од почеток

Чекор 14: Не ја заборавајте „ДВОЈНАТА ПОБЕДА“!

Чекор 15: Чувствувајте се добро за себе!

escort - Korsan taksi