НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Научниците открија како да ги избришат лошите и трауматичните мемории! Еве за што се работи

15 април, 2021
36373_soul-623424_960_720_f

Процедурите што ги користат психијатрите за индиректно реактивирање на трауматските епизоди кај пациентите може да бидат „прозорец“ низ кој лошите и грдите спомени можат да се променат, па дури и целосно да се избришат, покажува научна студија предводена од истражувачи од Универзитетот во Тексас АМ.

На пример, од воените ветерани кои страдаат од посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) може да се побара за време на терапијата да се потсетат на специјалните надворешни стимули, како што се блесоци на светлина или гласни звуци, кои се поврзани и ја активираат меморијата на траумата.

Идејата за овој метод е да се предизвика меморија без да му се нанесе дополнително страдање на пациентот, со цел да се ублажат реакциите на стравот преку терапиите со изложеност.

„Главниот предизвик е дека, кога се вршат слични процедури, меморијата за оригиналната траума не се брише. Секогаш е таму и може повторно да се појави, што предизвикува повторна манифестација на ПТСН и ги тера луѓето повторно да чувствуваат страв“ – рече Стивен Марен, професор по психологија и неврологија на тој универзитет.

За да ја изменат, па дури и да ја елиминираат трауматската меморија, научниците користеле постапка за условување во која сигналот бил индиректно поврзан со трауматскиот настан. Кога истиот сигнал ќе се примени подоцна, тој индиректно ја активира меморијата на настанот и ја зголемува активноста во хипокампусот, делот од мозокот важен за меморијата, велат научниците.

Тие наведуваат дека повторно активирање на трауматската меморија преку изложеност на индиректни предизвикувачи може да ја измени и олесни. Сега имаат намера да ја прошират својата студија за да може преку оваа техника целосно да се избрише.