Ноќ во апартманот од „Пријатели“ за 20 долари, но има еден услов

18 мај, 2021
107121450860a25459a50c7869274476_w640 (1)

Њујорк – Кратко по објавувањето на официјалниот датум на новата епизода на популарните Пријатели, 27 мај, Booking.com нуди уникатно искуство.

Имено, за помалку од 20 долари, можете да престојувате во њујоршка реплика на станот и другите простории каде што е снимена една од најпознатите американски серии, пишуваат американските медиуми.

Во хотелот The Friends Experience, лоциран во Менхетен, на 130 ист, 23-та улица и авенијата Лексингтон, на заинтересираните им се нуди ноќ во њујоршкиот стан на Моника и Рејчел за само 19,94 долари, пренесува порталот Индекс.

И иако сцените од серијата од внатрешноста беа снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата во која живееја познатите „пријатели“ се наоѓа во Њујорк.

Friends Experience е двоспратен простор во кој посетителите имаат на располагање 18 соби со оригинални реквизити и костими и може да се рекреираат најпознатите сцени од серијата.

Заинтересираните можат да ѕирнат низ пурпурната врата од станот во кој живееле Моника и Рејчел и да се релаксираат на фотелјата на Чендлер и Џои откако одиграле мал фудбал или пробале некои од оригиналните костими од серијата.

За посетителите навечер е организирана посебна вечера, а наутро тие можат да се релаксираат во култниот портокалов троседот со кафе и колачи во познатиот Централ Перк, кафулето во кое редовно се собираа славните шестмина пријатели.

Цената на една вечер само овој пат е 19,94 долари, што е симболична бројка, бидејќи првата епизода од серијата беше премиерно прикажана во 1994 година, а можно е да се резервира престој од најмногу две ноќи по ред.

Резервации може да се направат на 21 мај за престој во апартманите во недела на 23 мај или во понеделник на 24 мај.

escort - Korsan taksi