Објавата на една млада девојка стана вирална откако покажа како изгледала пред карантинот! (ФОТО)

19 февруари, 2021
screenshot_1_0

Еве за што станува збор!

Адријана Блан не е единствената жена што толку се здебелила за време на нејзиниот престој во карантин, што не можела да ги облече ниту фармерките што и биле широки порано.

Нејзиниот пост на Instagram стана вирален.

– Сите се здебеливме во периодот на карантин, имаше многу храна, купувавме повеќе отколку што требаше и останавме исклучиво дома – вели Адријана и додава:

– Пробав фармерки што ги носев пред карантинот и не можев ниту да ги облечам. И што направив? Купив нов пар фармерки затоа што никој на мојот погреб нема да рече: „Таа беше добра, но човеку, како ги пополни фармерките за време на карантинот“? Ако се чувствувате лошо во старите фармерки, купете нови – советува овој фитнес инструктор, советувајќи на секоја промена во телесната тежина да се пристапи мирно и да не се перципира како нешто што е конечно и непоправливо.

Адријана вели дека најголем проблем било тоа што не можела да се движи за време на карантинот во Шпанија, затоа што излегувањето од изолација било строго казниво, па затоа паднала од 20 000 чекори на ден на 5000, што, како што вели, ја направило трома.

Откако мерките се опуштија, Бланк се врати на старата рутина кога станува збор за физичките вежби и диети и вели дека се чувствува феноменално и им препорачува на сите кога ќе почнат да се чувствуваат лошо во кожата, да започнат да работат на нејзино поправање.