Одлучивте да патувате? Ако престојувате во хотел, не користете ги овие предмети на кој било начин, не ги мијат

20 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-20 214228

Џанеса Ричардс, како што рече, работела во хотели, ја напуштила таа работа, а сега во својот пост на Тик Ток откри кои се највалканите делови од хотелските соби и што скоро никогаш не се мие.

Нејзиното видео стана вирално многу брзо, а пред да се срушите на креветот во вашиот рај, слушнете што има таа да каже.

Затоа што некои работи, судејќи според тоа, се повалкани од автобуска станица.

„Работев во хотел пред неколку години и мислам дека би било забавно да ви откријам тајни за хотели кои можеби не ги знаете. Првото нешто е што повеќето хотели не ги мијат ќебињата. Ги мијат можеби еднаш годишно, што е навистина страшно“, откри Џанеса и додаде дека тоа е нејзино искуство, и дека не мора да значи дека е така во сите хотели.

Потоа посоветува:

„Значи, првото нешто што сакате да го направите кога ќе влезете во вашата соба – не легнувајте на ќебето, тргнете го“.

Потоа препорача да се избегне и друг дел.

„Скоро секоја соба има шише со вода и чаша. „Само за да знаете, чашите обично не се менуваат се додека изгледаат чисто“, рече таа.

Таа исто така ги посоветува гостите да не одат боси по теписите во собата. Теписи редовно се чистат со правосмукалка, но многу ретко се мијат, затоа влечки на нозете.

@janessarichard

Spilling some 🍵 as an ex hotel employee! ##fyp ##pregnant ##pregnancy ##canadianmamas ##momlife ##toddlermom ##hotelsecrets

♬ Stuck in the Middle – Tai Verdes
escort - Korsan taksi