ОПКРУЖЕНА СО 5 МОРИЊА, ВО НЕА ЛУЃЕТО ЖИВЕАТ ДОЛГО И БЕЗ БОЛЕСТИ: Ова е најздравата земја на светот!

21 јули, 2021
254465_shutterstock-100984339_ls

Ако сакате да живеете што подолго, сè што треба да направите е да се преселите во Италија!

Оваа медитеранска земја опкружена со пет мориња е обележана како најздрава земја во светот според Глобалниот здравствен индекс на Блумберг од 163 земји. Така, бебе родено во Италија може да очекува да живее до осумдесеттите години.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст е во стагнација со децении, скоро 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.

И покрај сè, Италијанците се во многу подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците, кои страдаат во голем број од висок крвен притисок и холестерол, како и од психолошки проблеми.

Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската диета, богата со зеленчук и девствено маслиново масло, кое Италијанците го обожуваат.

Исланд е на второто место на листата на најздрави земји, а Швајцарија е на трето, додека Сингапур и Австралија се на четвртото и петтото место. Во меѓувреме, на 4.500 км јужно, во Сиера Леоне, просечното дете родено ќе умре на 52-годишна возраст, пишува The Independent, што ја прави најлоша земја за живеење според оваа листа.

Секоја држава беше оценета врз основа на очекуваниот животен век, причината за смртта и здравствените ризици, како што се висок крвен притисок, пушење, неухранетост и пристап до вода за пиење.

escort - Korsan taksi