Оваа Јапонка е најстарата жива личност на светот: Го победила ракот двапати и поминала низ две пандемии!

27 јуни, 2021
5011e63be1e83ff9db8973684a0a7f8fb5411602

Кејн Танака, Јапонка, која од Гинис беше признаена како најстара жива личност во светот, во јануари наполни 118 години.

Танака е родена во 1903 година – година кога пионерите во авијацијата Орвил и Вилбур Рајт влегоа во историјата со завршувањето на првиот моторизиран лет во светот.

Животот на Кејн Танака

Имала четири деца со сопственикот на продавница за ориз со која се омажила на 19 години и работела во семејната продавница до својата 103 година. Таа има пет внуци и осум правнуци.

Танака изјави дека планира да го сруши рекордот за најстара личност што некогаш живеела, за што ѝ фалат нешто повеќе од 4 години.

r/BeAmazed - The world's oldest person, Kane Tanaka, turns 117

Живееше низ две светски војни и шпанскиот грип во 1918 година, а нејзиниот внук Еиџи еднаш рече: „Не се сеќавам дека зборуваше многу за минатото … Таа е многу напредна во размислувањето – навистина ужива во животот во сегашноста”

Заболување

Кога имала 35 години, била сериозно болна и го победила тифусот, на 45-годишна возраст го победила ракот, а на 103 година повторно го победила ракот.

Таа е скоро стара колку и современите Олимписки игри кои започнаа во 1896 година. Кога последен пат се одржаа Олимписките игри во Токио во 1964 година, Танака имаше 61 година. Кога ќе се земат предвид и летното и зимското издание на Игрите, годинашните Олимписки игри ќе бидат 49-и во нејзиниот живот.

Танака сега живее во дом за стари лица, каде обично се буди во 6 часот наутро и ужива во стратешката игра на табла Отело. Семејството на Танака, кое не можеше да ја посети 18 месеци за време на пандемијата Ковид-19, рече дека вродената љубопитност и математиката се нејзина тајна во одржувањето на остар ум и здраво тело.

Стогодишниците на Јапонија

Танака во никој случај не е единствениот стогодишник на Јапонија. Јапонија минатата година забележа повеќе од 80.000 стогодишници, според Министерството за здравство, труд и социјална заштита на земјата – што претставува 50-ти последователен годишен раст.

Во 2020 година, еден на секои 1.565 луѓе во Јапонија имал над 100 години – повеќе од 88% од нив биле жени. Во Јапонија, очекуваниот животен век на жените е 87,45 години, во споредба со 81,4 за мажите, според владините податоци објавени во јули 2020 година.

Гинисовата книга на рекорди ја потврди Танака во 2019 година како најстара жива личност во светот, а сега таа се фокусира на друг рекорд – рекордот за најстара личност што некогаш живеела го држи Французинка која починала на 122 година. „(Кејн) рече дека сака да го собори тој рекорд“, рече Еиџи Танака, нејзиниот внук.