Овие три знаци ретрограден Меркур ќе ги „извади од кожа“! Доаѓа период на раздор, немир, предизвици

16 јануари, 2021
57_1000x0

Ретрограден Меркур се случува истовремено кога шест различни планети влегуваат во знакот на Водолија, што значи дека работите ќе се развиваат многу побрзо

Еве ги трите знаци кои ги очекуваат предизвици и ризици за време на ретрограден Меркур:

БИК

Ретрограден Меркур ќе има особено силно влијание врз полето на вашата кариера. Може да има одложувања, пропуштени рокови и недовршени проекти, како и предизвици во комуникацијата со колегите и претпоставените. Наместо да донесувате ненадејни одлуки и потези, искористете го ова време да ги преиспитате вашите идеи или да го исчистите вашиот план од недостатоци. Негувајте ја самодовербата и бидете внимателни, а ако вложите напор, сè ќе си дојде на свое место.

ЛАВ

Лавот го очекува напнатост на полето на емоционалните врски. Можни се турбуленции во љубовта, а дискусиите од минатото повторно стануваат главна тема на разговор. Обидете се да ја набљудувате ситуацијата објективно и да ги контролирате негативните емоции. Без оглед на сите околности, најдобриот начин да се реши овој предизвик е да научите како да го слушате вашиот партнер за време на разговорот. Подобро е да се соочите со проблемите веднаш, наместо да ги прикривате.

СТРЕЛЕЦ

Комуникациските предизвици можат негативно да влијаат на вашиот социјален живот. Бидете внимателни какви зборови кажувате и како им се обраќате на драги луѓе. Брзањето е вашиот главен непријател во овој период. Размислете пред да кажете одредени зборови, бидејќи во овој период се можни конфликти. Пронајдете внатрешен мир и комуникацијата ќе се подобри.