ПЕТЕЛ СИ ГО УБИЛ СОПСТВЕНИКОТ СО НОЖ! Го подготвуваше за борба, кога сè тргна наопаку! Птицата оди и на суд!

28 февруари, 2021
shutterstock_1131785249_1000x0

Петелот Раџа, кој на себе имал нож за време на илегалната борба со петли во Јужна индија, го усмртил сопственикот

Сопственикот на петелот бил прободен со нож во препоните, додека птицата се обидела да избега, а човекот починал на пат кон болницата бидејќи изгубил многу крв.

Локалната полиција трага по уште 15 лица вклучени во инцидентот што се случи во селото Лотунур и државата Телангана на почетокот на оваа недела.

Петелот е приведен во полициската станица пред да биде префрлен во фарма за живина. Локалните медиуми јавуваат дека тој дури ќе се појави и на суд.

Полицијата соопшти дека птицата била подготвена да се бори кога се обидела да избега.

Сопственикот сакал да ја фати и да ја врати во рингот, но бил прободен со нож долг седум сантиметри кој се наоѓал на ногата на петелот.

Борбите со петли се забранети во Индија, но сè уште се одржуваат во некои рурални области.

escort - Korsan taksi