По операцијата на градите, се разбуди со огромен задник: „Не го сакав тоа!“

10 февруари, 2021
24h-1_5aaVnzg

Рускиот психолог Љубов Лауфер долго време размислуваше за естетска операција со која ќе ги поправи и обликува нејзините гради и конечно ја убеди да го стори тоа реномиран пластичен хирург.

Сега 45-годишната девојка вели дека животот ѝ бил уништен откако платила 4600 евра за операција на градите, од која излегла со огромен „задник“ што никогаш не го ни посакувала.

– Поради операцијата, имам опуштени, нескладни гради и ментална траума. Изгубив сè, работата и семејството затоа што не можам да спијам во иста просторија со сопругот – рече мајката на три деца.

Нејзиниот проблем започна кога седум години откако го стави силиконот во градите, доби воспаление и ѝ беше кажано дека треба да го отстрани или замени. Хирургот ја убедил потоа да се подложи на липофилизација, со вакцинирање на сопствените маснотии за да се подобри обликот на градите, тврди таа.

За операцијата, таа тргна на четиричасовен лет до Новосибирск до клиниката, каде ја договорила операцијата.

Но, во последните моменти пред операцијата, дознала дека тој нема да ја изврши операцијата, туку неговиот колега кого не го ни познавала.

Плачеше поради промената на лекарот, но продолжи да разговара со докторот за тоа каде ќе се отстрани маснотијата. Ако има некој вишок, таа се согласи дека ќе ѝ оди до задникот, но беше згрозена кога сфати колку станала голема по операцијата.

Операцијата траеше пет часа и се разбуди во „неподнослива болка“, барајќи кислород додека страдаше од „грчеви“, тврди таа.

– Почувствував ужас кога ги видов моите гради и огромен страв во душата како би живеела со нив. Сè што беше во мене замрзна. А кога го видов задникот, бев во шок. Јас воопшто не го сакав тоа – рече таа.

Таа објасни дека има 55 кг и дека од разни места во нејзиното тело се земени два литра маснотии, главно внесени во нејзиниот задник.

Враќајќи се во Москва, лекарите беа шокирани од оштетувањето на нејзиното тело со „дупки и тунели“ под кожата со лузни, тврди Љубов.

„Мојот сопруг се плаши да ме прегрне“, рече таа, додавајќи дека и тој бил лекар и бил згрозен од она што ѝ го направиле.

Кога ја откри својата приказна на социјалните мрежи, лекарот ја тужеше пред рускиот суд – но тој изгуби

Неговата клиника одби да го коментира случајот.

Љубов сега презема мерки против докторот преку етичкиот комитет на Руското друштво за пластични хирурзи среде откритијата за „повеќекратни грешки“ во работењето.

– Се чини дека мојот стомак е растргнат на два дела, моите гради станаа опуштени, различни по форма и искривени. Тоа е ноќна мора. Но, најлошото нешто беше големината на задникот – додаде таа.