Подгответе се! Венера во знакот на Стрелец носи неверојатни промени

13 октомври, 2021
Screenshot_3

Еве што значи овој транзит и како ќе го почувствуваат сите знаци од хороскопот: Овенот е на мета! Што значи кога Венера, убавицата и флертаџика во зодијакот, ќе транзитира низ знакот Стрелец,.

Венера сака возбуда, сака кога љуби, а опседната е со патувања и флерт со луѓе што не ги познава. Така што – подгответе се за нови шанси за љубов, врска со странец или личност која ќе ја запознаете на некое патување или неочекувана средба.

Венера во Стрелец ќе биде до 5.11.

Додека трае транзитот на Венера во Стрелец, веројатно ќе потрошите повеќе пари од вообичаено – шопинг и скапи производи се омилените радости за една Венера. Модни додатоци, шминка и козметика се првите на дофат. Овој период е за лесно заљубување, затоа што нејзиното влијание е поврзано со насмевки, флерт, излегувања и желба за дружење.

Доколку целата оваа енергија ја снема, Венера не се плаши да ја „напушти“ забавата.

Интересни датуми додека Венера транзитира низ знакот Стрелец: 14 и 15 октомври

За некои луѓе овој период ќе биде враќање на односите со некој од минатото. Ќе сакате почесто да сте во друштво со омилените луѓе. До крајот на октомври ќе имате шанси за убави и позитивни средби со луѓе, но и тајните што мислите дека ќе ги скриете, ќе излезат на виделина. Во ваков период, многу парови ќе се разделуваат и смируваат, а тајните врски ќе станат јавни.

Како ќе го почувствуваат овој транзит сите знаци во хороскопот?

Овен – многу изненадувачки и убави случувања. Изјави на љубов, кратки патувања и прилив на пари кои нема да ги очекувате, а добро ќе ви дојдат.

Бик – ќе решите имотно правни односи во ваша корист. Некои бикови ќе продадат и недвижнина.

Близнаци  -овој транзит за близнаците носи љубовни настани со голем ефект – можни се стапувања во брак и бременост.

Рак – кариерата ви е во фокус. Ако сакате драстична промена, сега е времето за тоа.

Лав – фатална љубов на повидок. Внимавајте што посакувате.

Девица – посветени сте на домот, во овој период ќе направите многу заеднички нешта со најдрагите луѓе.

Вага – постои шанса љубовниот живот со моменталниот партнер нагло да се прекине или да изгубите интерес. Имајте ум дека сево ова се непредвидени реакции.

Скорпија – свртени сте кон себеси и своите длабоки емоции. Само вие знаете што ви се случува во главата. Бидете фер со другите и не се „губете“.

Стрелец – убава енергија во секој домен. Флерт, заљубување и забави.

Јарец – ако сте заљубени во колега/колешка од работа, ќе посакате да ја бакнете на најнеочекуван начин. Пресметајте дали ви е потребна љубовна врска на работа.

Водолија – ќе имате интензивна потреба од движење, планинарење, активности. Пријателите ќе го очекуваат тоа од вас – вие сте секогаш пионер за правење нешта надвор од очекуваното.

Риби – подгответе се за голем и неочекуван успех на работа, особено ако соработувате со странци.