Полна месечина вечер го носи ВРВОТ НА КРИЗАТА! Астрологијата вели дека КРАЈОТ НА ФЕВРУАРИ ќе биде ТУРБУЛЕНТЕН, со нервоза и расправии

27 февруари, 2021
mesec

На самиот крај на февруари, имаме уште една полна Месечина, овој пат во Девица, во осми степен, преведена како степен на трансформација и прочистување. Полната месечина е кулминација на еден циклус, а нејзините клучни зборови можат да бидат: ослободување, благодарност, резултат,трансформација.

Девицата како девица е насочена кон детали, добра организација, се стреми кон совршенство, но она што Девицата не го знае и го има како задача е да започне да си служи на себе и на своите емоции. Полната Месечина во Девица, или со други зборови „ред, работа, дисциплина и уредност“, најмногу ќе се однесува на грижата за физичкото (духовно) здравје и емоционалните проблеми.

pun mesec

Токму поради тоа, многумина оваа полна месечина ќе ја доживеат како криза и нервоза, каде емоциите ќе бидат силни и интензивни. Бидејќи Девицата е приврзана за секојдневните работи, за земните работи, ќе се потенцира енергијата на длабоко чистење и на личните и на пријателските партнери. Ве советуваме да ја исчистите куќата, станот, да се ослободите од непотребни работи. Општо земено, средете го просторот во кој живеете, отфрлете ги негативните мисли и вежбајте физичка активност, медитација, јога, како и читање на некоја инспиративна литература. Ослободете ги сите блокади што ве оддалечуваат од вашето повисоко јас!