ПОРАДИ НЕОБИЧНИ ИГРИ ВО СПАЛНАТА СОБА ЗАВРШИЛА СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД ТРЕТ СТЕПЕН: „Нашата страсна ноќ заврши во собата за итни случаи“

30 март, 2021
t-e1617023168252

Додека Џоси врескаше од болка, Мајкл се обиде да ѝ помогне лижејќи ја смесата од градите, но потоа се повреди и тој

Авантуристичката двојка заврши во брза помош откако се обиде да внесе храна во нивниот сексуален живот.

Џоси и Мајкл признаа дека нивната состојба под чаршавите станала малку здодевна по две години врска, па се обиделе малку да ја зачинат. По долга дискусија, парот реши да проба нешто ново во кревет еднаш неделно, наизменично околу бирање.

„Ние тоа го нарекуваме „ку*винска сабота“, а другата личност треба да стори што сака другиот без противење“, рече Џоси.

Мајкл ѝ купил на својата девојка огромни гумени бонбони како подарок, а парот решил да ги вклучи во својата „ку*винска сабота“. Имено, тие сакале да ги стопат во микробранова печка и да ги размачкаат по телата.

Кога се вратил во спалната соба, тој истурил малку од смесата на градите на неговата девојка. „Се чувствував како да горам, врескав од болка“, призна Џоси.

Мајкл сакал да ѝ помогне лижејќи ја смесата, но парче кожа од градите заврши во неговата уста. Како тоа да не беше доволно и тој се повреди со горење на јазикот.

Темелно ги проучуваат новите игри

Не успеале да ги смират изгорениците дури и со мраз, па отишле во итната помош каде лекарот објаснил дека врелиот шеќер ја задржува топлината и дека е скоро невозможно да се отстрани од кожата бидејќи продолжува да гори.

Џоси заврши со изгореници од трет степен на градите поради необична игра во спалната соба. Лекарите ѝ препишале маст, лекови против болки, антибиотици и била упатена на специјалист за изгореници.

„Потребни беа околу два и пол до три месеци целата изгореница целосно да зарасне и да се претвори во лузна“, рече таа.

Поради овој инцидент, парот сега прави потемелно истражување пред да ги воведе новитетите во спалната соба.