ПОРЦИЈА ПОМФРИТ ЧИНИ 170 ЕВРА! Ресторан направи брза храна за Гинис, еве што добивате на чинијата!

6 август, 2021
pomfrit

Најскапиот помфрит во светот чини 170 евра. Да, добро прочитавте!

Ресторан во Њујорк влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ поради најскапата порција помфрит.

Специјално избраниот компир прво се вари во оцет и шампањ “Дом Перињон”, а потоа се пржи во чиста маст од гуска и тоа двапати. Попрскан е со злато за јадење, зачинет со сол и тартуфи и украсен со сецкани тартуфи.

“Имаме тешка година зад нас поради пандемијата и сакавме да направиме нешто забавно што ќе ги привлече клиентите. Ова е среќен ресторан каде луѓето доаѓаат да избегаат од секојдневниот живот”, рече готвачот Фредерик Шон-Клеверт.

За да резервирате во овој ресторан, ако ја сакате токму таа порција помфрит, ќе почекате осум до десет недели! А ако повеќе сакате да заштедите 170 евра и да направите вкусен помфрит дома, го имаме најдобриот рецепт!

Погледнете!

escort - Korsan taksi