Пристигнува Венера во знакот на Лав на 27 јуни! Еве какво влијание ќе има врз секој хороскопски знак

16 јуни, 2021
1-doznajte-shto-vi-nosi-venera-koja-vleze-vo-znakot-na-lav-www.kafepauza.mk_

Овен

Венера во петтата и Марс во астролошката куќа на тајните, предупредува на внимание доколку соработувате со странци од прекуокеанските земји. Вашата „мала“ авантура може сериозно да ја загрози врската со партнерот.

Бик

Вашиот владетел, Венера, планетата на парите и Марс во астролошкото поле на партнерските односи ќе ви донесе романса со личност која многу патува заради работата.

Близнаци

Аспектот меѓу Венера и вашиот владетел Марс ви носи можност за зголемување на обемот на работа и соработка со големи компании. Ако сте помлади, можете да добиете стипендија за студирање во странство.

Рак

Венера во втората, а Нептун во деветтата куќа ви носат љубов и пари доколку се бавите со уметност, спорт или медицина. Може да ви се отворат нови шанси, особено ако работите со странци.

Лав

Венера во вашиот знак ве прави популарни и омилени во вашето друштво, особено кај припадниците на спротивниот пол. Марс во четвртото поле ги зголемува шансите за заработка преку купопродажба на недвижности и преселување.

Девица

Венера и Нептун го будат љубовниот занес, но носат и нови понуди, особено ако се бавите со јавна професија. Доколку вашата работа подразбира работа со клиенти, ќе бидете многу успешни.

Вага

Поради конјункцијата на вашиот владетел Венера и Уран во Овен, можно е да се раздвоите од вашиот партнер, поради негово патување. Ќе имате изобилство од финансии доколку се занимавате или работите во медиуми.

Скорпија

Аспектот меѓу Венера и Нептун во куќата на кариерата и креативноста може да ви донесе романса со уметник или со некој кој живее во странство. Ќе бидете успешни ако работите во областа на издаваштво.

Стррелец

Венера во деветтото астролошко поле под влијание на Марс е симбол на тајната сексуалност. Тоа навестува можна тајна романса со некој што ќе го запознаете на некое патување или на предавање.

Јарец

Тригонот меѓу Венера и вашиот владетел Сатурн, планетата на минатото, може да ве поттикне да ја обновите врската со стара љубов, особено ако сте во позрели години.

Водолија

Аспектите на планетите на парите и на дејствувањето ви носат заработка од паралелни извори на приходи, додека квадратот меѓу Венера и вашиот владетел Уран, ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци.

Риби

Владетелот Нептун во вашиот знак во предизвикувачки аспект со планетата на љубовта навестува романса на некое патување. Ако сте уметник, антрополог, фармацевт или лекар, ќе бидете успешни.

escort - Korsan taksi