РУСКИ ПСИХОЛОГ ОТКРИВА КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ ПАРИ! Следете ги овие ЧЕТИРИ правила

15 август, 2021
419861_bank-note-209104-1920_f

Многумина сонуваат да имаат повеќе пари, а тоа е всушност еден вид енергија, која доаѓа и си оди. Рускиот психолог Ана Кирјанова не советува како да привлечеме богатство со помош на психолошки правила

“Првиот потег е никогаш да не ги мразите парите и да не негувате презир кон богатите луѓе. Наместо да имате негативен став кон парите, размислете како парите можат да ни помогнат да го направиме светот подобро место и да направиме добри работи за луѓето на кои навистина им се потребни”.

Ана истакнува дека парите треба да се третираат со почит, парите треба да се вреднуваат. Таа верува дека ако работиме долго време, и нема промени, во форма на поголема заработка, треба да размислиме за промена на работата или проектот.

Како што вели Ана Кирјанова – “Не ловете лосос во езеро каде што го нема. Колку и да се трудите, не можете да го фатите. Подобро да го барате на друго место”.

Еден од нејзините совети за привлекување пари е да комуницирате повеќе со успешни луѓе. Луѓето се програмирани да имитираат, да учат од туѓото искуство. Успешните луѓе можат да ве инспирираат, па на тој начин, со усвојување на некои од нивните навики, можете да го промените вашиот живот.

Таа, исто така, посочи колку е важна визуелизацијата за време на процесот на привлекување пари.

„Однесувајте се како веќе да го имате она што сакате да го имате“. На пример, ако сакате да имате автомобил, размислете однапред како го имате и како наскоро ќе дојде во вашиот живот. Почнувате да верувате дека вашиот автомобил од соништата ќе се појави во вашата гаража. Ова не е лудило, туку принцип на визуелизација стар стотици години. Се разбира, важно е да се замисли нешто што е навистина остварливо.

Овие совети можат да ви помогнат да го збогатите вашиот живот и да го најдете патот до среќата и парите.

escort - Korsan taksi