Сашко Коцев раскажа што му се случило: „Траеше неколку стотинки, а во нашата глава цела вечност“

16 февруари, 2021
Sasko-Kocev-Zlatna-Bubamara-2018

Сашко Коцев во интервју за Бејстејџ зборуваше колку тој е самокритичен кога станува збор за добивањето награди, па кажа дека за некои работи дека и не очекува награда а кога ќе ја добие пријатно е изненаден.

„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.

Сашко имаме прилика да го гледаме во разни театарски претстави, а во ова интевју откри што му се случило во една прилика.

„Имаме многу такви случки. Пример, еден колега треба да ми даде пари и да одам да купам пиво. Се фаќа за џебот и нема пари. Заборавил да ги земе. Јас го гледам, тој ме гледа. Публиката не знае. Тој од џебот вади една мала хартија. И јас си викам – „Ваљда нема да ми ја даде хартијата и да ми каже дека тоа се пари“. Ова траеше неколку стотинки, а во нашите глави траеше цела вечност. Тој ме гледа и со поглед почнува да ми се извинува што ги заборавил парите во гардероба. И колегата ми вика, парите ми се ходникот во јакна, ќе одиш ќе извадиш пари од паричникот. Нема никаков ходник, нема никаква јакна, Мене ми тече една капка пот по лицето и заедно излегуваме од сцена“, раскажува актерот.

Целото интервју погледното во видеото подолу.