Што се случува кога сакате да го спасите и пијалокот и бебето од пад? Видео кое стана вирално на социјалните мрежи!

16 февруари, 2021
2463159_2463147-screenshot64-edit_ls-s

На Твитер се појави видео од жена која се обидува да го спречи бебето да падне и чаша пијалок речиси истовремено. Се разбира, пијалокот се истура, бебето паѓа и жената останува шокирана. Квалитетот на снимката не е најдобар, но може да се заклучи дека станува збор за тетка или баба на бебето.

Духовитите твитерџии имаа различни теории за видео клипот, а една всушност се однесува на економијата.

-Кога економијата пропаѓа, но вие се обидувате да ја зачувате берзата – беше насловот на објавата.

-Не го сака баш детево – гласеше еден коментар.

-Пуштете го бебето, чувајте го пијалокот.

-Приоритети – тоа беше најчесто напишаниот збор во овој пост.

Една корисничка на шега заклучи дека не треба да биде баба и дека ќе го реши овој проблем во иднина, а имаше и такви кои оставија емотикони кои се тркалаат и умираат од смеа.

Видеото беше прегледано над 2.000.000 пати со скоро 20.000 ретвитови и неверојатни 90.000 лајкови и стана многу вирално бидејќи беше споделено и на други мрежи.

escort - Korsan taksi