Што се случува со нашиот мозок кога чуваме тајни

17 март, 2021
275c631e82fadfa956db996184b61036e8f778dc

Сите чуваме тајни во текот на нашите животи. Некои може да останат скриени од другите со години, додека други „излетуваат“ во еден момент. Сè на сè, тајните не се лесни за чување, колку и да се трудиме.

Ова е поткрепено со резултатите од студијата објавена во списанието PsycNET, која тврди дека чувањето тајни не е добро ниту за менталното здравје. Сокривањето на тајните доведува до зголемување на вознемиреноста кај луѓето и претставува исцрпувачко искуство за умот.

Тим научници од Универзитетот Колумбија спроведоа студија на примерок од 600 учесници и откриле дека 96 проценти од нив во тоа време имале тајна, која главно била од љубовна природа

Учесниците беа прашани колку пати, во последниот месец, биле принудени да сокријат една тајна и колку често размислуваат за тоа.

Оние кои често размислувале за тоа, биле двојно повеќе од оние кои не размислувале. Токму ова размислување е причината што предизвикува најголема штета. Истиот резултат беше даден и од истражувањето спроведено случајно меѓу туристите во Њу Јорк.

Ова покажа дека самата природа на содржината на тајната што се чува не е причина за проблемот, туку како состојбата на умот се поврзува со информациите што влијаат врз неа.

Научниците заклучиле дека размислувањето на луѓето за тајните може да послужи како основа за понатамошно истражување на оваа тема, со желба да се најде начин да им се помогне на луѓето и полесно да се справат со тајните во иднина.