СЛИКА ОД СВАДБА КОЈА ГИ РАЗБЕСНИ СИТЕ: Свекрвата дојде во ВЕНЧАНИЦА на свадбата, коментарите беа сурови- „требало да ја избркаат“!

18 февруари, 2021
vencanje

Фотографија од богата венчавка кружи на Интернет – дали знаете која е невестата?

Свекрвата „од пеколот“ стана хит на Интернет поради фотографијата од венчавката на нејзиниот миленик!

Оваа фотографија беше објавена во еден таблоид, а потоа го запали Facebook, особено групите посветени на „бруки“ или други необични настани на свадби.

На фотографијата се, од лево кон десно, свекрва, невеста, младоженец, неговата мајка и неговиот татко. Ќе забележите дека свекрвата носи практично ист фустан како невестата!

„Дали оваа е жена нормална“, „како да сака да се омажи за сопствениот син, болесно“ – во овој стил се повеќето од коментарите објавени под фотографијата.

Има и такви кои велат што би сториле ако ова беше нивната венчавка – „ќе повикав обезбедување да ја изнесат“ или „веднаш ќе и го потопев фустанот во црвено вино“.