Сопругата на рускиот шпион “Резидент” била сестра на секретарката на Рем Вахриев, поранешен претседател на руски “ГАСПРОМ”

2 април, 2021
Vahriev

Операцијата на военото разузнавање пронајде анти-државна активност; воената полиција “пушеше цигари” и го “употребуваше тоалетот” кога Иван Илиев ја напушти зградата на обвинителството.

Луѓе блиски до фамилијата на Иван Илиев го тврдат ова. Тој се соочува со обвиненија дека бил организатор на шпионскиот круг, кој беше откриен минатиот месец, од страна Софиското обвинителство за воено разузнавање и службата за безбедност ДАНС.

Високи офицери од бугарското Министерство за одбрана и военото разузнавање се сигурни во своите тврдења дека Галина Илиев, сопругата на “Резиндентот” Иван Илиев, исто така шпионирала во корист на Русија. Таа била сестра на секретарката на Рем Вахриев.

Рем Вахриев, кој почина на 79 годишна возраст во 2013та година, беше амблематска фигура во деведесетите години. Тој живееше како крал на гасот во Русија, a и долго време откако заврши неговиот мандат како претседател на “ГАСПРОМ”. Идејата за создавање на гигант за гас датира од 1986 година и всушност беше негова идеја. Подоцна, Вахриев беше заменик министер за трговија со гас додека министер на истоименото министерство беше Виктор Черномирден, кој подоцна стана премиер на Русија.

Не е познато во кој период сестрата на Галина била секретарка на Вахриев. Бугарските служби не знаат ништо за фамилијарните врски.

Според обвинението, Галина играла значајна улога во шпионскиот круг. Како руски државјанин, таа имала лесен пристап до Руската Амбасада во Софија и токму поради ова и било доверено да обезбеди класифицирани информации.

Врз основа на ова, министерството го прогласи рускиот дипломат, Александар Зинкин за “непожелен” или “persona non grata”, но неговото заминување можеби ќе биде одложено. Галина му обезбедила информации на него и на уште еден маж.

Иван Илиев и Галина Илиева се пензионирани, Иван е роден околу 1974 година, а неговата сопруга, Галина има помалку од 60тина години.