Стјуардесата открива што се случува ако патник умре за време на летот!

7 февруари, 2021
stjuardesa-460x0

Иако ваквите случаи се ретки, постои постапка што треба да се следи.

Стјуардесата Шина Мари објасни на социјалната мрежа ТикТок што се случува ако еден од патниците умре во авион во текот на летот.

Таа истакна дека прво ќе го проверат пулсот на лицето, со цел да се осигураат дека не можат да му помогнат.

„Ако некој умре од срцев удар и не можеме да му помогнеме, ќе почекаме да слетаме на крајната дестинација“, рече Мари.

Таа додаде дека пракса е дека, ако има доволно простор во авионот, телото на починатиот патник се пренесува и покрива.

По слетувањето, патниците прво го напуштаат авионот, а стјуардесите ги чекаат медицинските работници кои ќе го пренесат телото на починатиот патник од авионот.

Семејството на починатиот потоа се известува за смртта.