Студијата открива: Зошто верувањето во судбина им помага на луѓето во тешки времиња?

13 март, 2021
суд

Иако често се вели дека секој е ковач на својата среќа, тоа не се однесува на донесување на важни животни одлуки, покажа студија на американскиот универзитет „Дјук“. Според оваа студија, повеќето луѓе се откажуваат од конкретни активности пред тешките одлуки во животот и ја „повикуваат“ судбината на помош.

За да ги тестираат своите тези, научниците го набудуваа размислувањето на луѓето две недели пред претседателските избори во САД и открија дека оние кои се неодлучни, поверојатно ќе веруваат во изјавата дека „судбината ќе осигури дека ќе биде избран подобар кандидат“.

На овој начин тие ја искажаа својата верба во натприродни сили кои можат да влијаат на човечките животи, но исто така се ослободија од одговорност поради можна погрешна одлука.

Верувањето во судбина според која сè се случува со причина, а резултатите се предодредени, всушност им помага на луѓето во тешки моменти. Така верувањето во судбина е исто така корисно за здравјето – рече водачот на студијата Арон Кеј.

Тој додава дека потешкотиите во големите одлуки се предизвикани од психолошка вина, и колку повеќе луѓе се неодлучни, толку е поголема веројатноста да се потпрат на верувањето дека ситуацијата ќе се реши на најдобар начин.

escort - Korsan taksi