„СУПЕРМЕСЕЧИНАТА“ ВО ЧЕТВРТОК НИ НОСИ ЧУДНА ЕНЕРГИЈА: Подгответе се за позитивни изненадувања и неочекувани пресврти

22 јуни, 2021
Screenshot_1

Овој месец е погоден за решавање на многу негативни љубовни ситуации, но и шанса да пронајдете сродна душа ослободена од емоционални ограничувања и да влезете во романтична врска која може да промени сè.

Пред нас е последната Супермесечина во 2021 година, на 24 јуни во 20 часот и 40 минути, и ни носи мешана енергија и чудна комбинација на чувства. Ќе имаме чувство дека сме растргнати, меѓу повеќе светови, повеќе мислења, но постои излез – мора да најдеме рамнотежа, да се спуштиме на земја и да постигнеме состојба во која сме мирни и стабилни.

Исто така се нарекува „Јагодеста Месечина“ затоа што се случува во времето на годината кога зреат дивите јагоди. Како и секоја полна месечина, особено супермесечината, таа има способност да го извлече од нас она што одамна го потиснуваме и го криеме, и од нас самите и од целиот свет. Таа е чистач кој ги вади од нас сите негативи што повеќе не ни служат. Иако процесот на енергија и емоционално прочистување може да биде тежок, на крајот ќе чувствуваме големо олеснување.

Нејзината енергија на почетокот носи интензивни и измешани чувства, но бурата постепено ќе стивне и ќе можеме многу работи да ги видиме појасно. Полната месечина нè охрабрува да започнеме да градиме цврсти и стабилни темели. Може да се разбудат нови вистини и мудрости за да ни помогнат да го разбереме животот од подлабока перспектива.

Сега е време да ја исчистиме нашата душа од сите грешки, лоши постапки и емоционални рани од минатото. Ќе живееме послободно, поотворено, со почисто срце. Сепак, враќањето во времето може да биде тешко, особено ако си дозволите да се чувствувате виновни за некои стари грешки. Ослободете го овој товар, тоа е делот од вас кој не заслужува да му се посвети поголемо внимание.

Под светлината на целосната „Јагодеста Месечина“, потребно е да учиме од сопствените постапки, да не ги користиме како напад врз себе и самокритичност, туку како можност да стекнеме нови знаења и лекции.

Простете си себе, простете им на другите – само на овој начин можете да најдете апсолутен мир во овој момент. Во деновите што следат, важно е да не гледате на животот како на обврска што бара целосна посветеност од вас, туку како на авантура што ќе ви открие нови хоризонти и убавини.

Во љубовта, бидете искрени, разиграни и желни за нежност. Оваа Месечина е погодна за решавање на многу негативни љубовни ситуации, но и шанса да пронајдете сродна душа ослободени од емоционални ограничувања и да влезете во романтична врска што може да промени сè.

escort - Korsan taksi