Таа има 105 години и ја совлада КОРОНАТА – тврди дека се спасила јадејќи суво грозје натопено во џин секој ден

24 февруари, 2021
баба

Лусија ДеКлерк, најстарата жена во дом за стари лица во Њу Џерси, открила дека е заразена со коронавирус на 25 јануари – на нејзиниот 105-ти роденден!

Оваа жена што живеела за време на шпанскиот грип и две светски војни и ја преживеала смртта на дури три сопруга и еден син, вели дека кога дознала дека има коронавирус, се исплашила. Не и се допаѓаше што мора да биде изолирана и дека не може да се дружи со други луѓе и вработени во домот.

За среќа, Лусија имаше лесни симптоми и излезе од изолација за две недели. Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Лусија откри дека тајната на нејзината долговечност е молитвата. „Молитва, молитва, молитва и не јадење брза храна“, вели оваа супер баба, додавајќи дека смета дека сувото грозје натопено во џин што го јаде секое утро е одговорно за нејзиното брзо закрепнување од вирусот. “Јас пополнувам тегла со суво грозје, додавам џин и оставам да стои девет дена. Јадам девет парчиња секое утро”.

Нејзиното семејство е навикнато на необичните навики што ги има, а некои од нив пијат сок од алое вера и ги мијат забите со прашок за пециво. Внукот Шон Лоус О’Нил (53) вели: „Порано ја прашувавме што прави, дали е луда, но сега само се смееме на нејзините навики. Успеа да ги надмине сите пречки во животот. Таа е многу здрава во нејзината глава и има добра меморија.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi