Трикови за тоа како да ја подготвите кожата и да го одржувате тенот колку што е можно подолго

28 мај, 2021
pexels-shvets-production-8028335

Најубавиот тен се добива природно – на сонце. Но, изложувањето на сонце, поради многуте лоши здравствени последици, треба да биде ограничено и мудро да се користи.

Ако сте тип на личност која повеќе сака да потемни отколку да ја чува аристократската боја, ова се идеални совети за вас. Освен што е многу важно да се избегне солариумот кој нема да и направи ништо добро на вашата кожа, важно е и да бидете целосно заштитени кога сте на сонце, а бидејќи сакате да потемните и да го одржувате тенот што е можно подолго, треба да следите неколку совети. Погледнете ги во продолжение.

Избегнувајте врела вода

Подолгото натопување во топли бањи или туширање под млаз топла вода ја суши кожата, затоа бањајте се со млака вода, користејќи хидратантен гел за туширање со растителни масла и други хранливи состојки, избегнувајќи ги оние што содржат хемикалии за сушење, како што е натриум лаурил сулфат (SLS).

Хидратација

Ако прифатите само еден совет, нека биде овој! Хидрирајте ја кожата – колку повеќе, толку подобро затоа што кога кожата ќе се исуши, почнува да се лупи губејќи го површниот, бронзениот слој. Побарајте богати навлажнувачки креми за лице и лосиони за тело наменети употреба по сончање бидејќи тие го продолжуваат траењето на тенот и избегнувајте препарати базирани на краставици, лимони и млеко бидејќи можат да ја избелат кожата. Покрај хидратацијата однадвор, телото треба да се „напои“ и одвнатре.

Пилингот е дозволен и треба да се користи

Спротивно на популарното верување, пилингот нема да ја соструга вашата тешко стекната боја. Напротив, потребен ви е пилинг бидејќи насобраните мртви клетки можат, всушност, да направат кожата да изгледа сива и без сјај. Сепак, потребно е внимателно да се избере производ со кој кожата ќе заблеска. Претпочитајте нежен сунѓер за бањање или пилинг со многу ситни ексфолирачки зрнца кој ќе ја отстрани старата кожа, но нема да биде доволно силен за да се отстрани потемнетиот тен. Избегнувајте пилинг со гликолна и салицилна киселина бидејќи може да го избледат тенот. Како и креми за депилација, брич и восок, бидејќи сите овие методи на отстранување на влакна го „отстрануваат“ површинскиот слој на кожата. Најидеално би било да користите пинцети или епилатор за отстранување на влакната.

Внимавајте што јадете

Бета каротенот ја подготвува кожата за сончање, но исто така помага да се задржи бронзениот тен што е можно подолго. Затоа, посегнете по суплементи со бета-каротен или вклучете што повеќе храна што го содржи овој корисен растителен пигмент во вашата исхрана. Овие се сите оние намирници чии бои потсетуваат на бојата на виножитото: моркови, кајсии, манго, сладок компир, папаја, спанаќ

Нагласете го бронзениот тен

Кога ставате шминка, користете бронзер. Нанесете го со кружни движења во пределот на лицето кое природно е прво „под ударот“ на сонцето: челото, слепоочниците, носот и јагодиците. И нагласете го телото со суви масла со златен сјај или лосиони со пигменти за самопотемнување. ‘Лажниот’ тен е многу полесно да се постигне кога веќе ја имате бојата, бидејќи постои многу помал ризик од развој на дамки и несакани портокалови тонови. И, конечно, за да го потенцирате тенот, лакирајте ги ноктите со корални или тиркизно сини нијанси и носете бела облека што создава илузија на потемна кожа.

Останете на сонце

Повременото сончање по враќањето од морето може многу да ја продолжи вашата боја и може да се сончате, во зависност од тоа каде живеете цело лето. Но, дури и тогаш, не заборавајте за УВ заштита!