Трошењето со кредитни картички во мозокот ја стимулира истата хемикалија како и кокаинот

17 март, 2021
credit-cards-ftr

Доаѓа до тоа ‘high’ чувство што го овозможуваат опијатите.

Новата студија спроведена од Институтот за технологија во Масачусетс открива дека купувањето со кредитна картичка во мозокот ги лачи истите хемикалии како и кога некое лице конзумира – кокаин.

Кога купуваат нешто со кредитна картичка, луѓето честопати губат чувство и идеја за тоа колку пари навистина потрошиле и со изговор дека ќе платат подоцна или на рати, купуваат премногу. Токму во такви моменти се јавува она ‘high’ чувството кое е обезбедено од разни опијати.

Се разбира, тоа не се случува со секоја набавка, туку како што вели истражувањето, само кога трошите на некои работи што се желба, а не потреба – ручек во ресторан, патување …

Имаме дел во мозокот што го „храниме и правиме среќен“ кога се частиме и наградуваме, а еден од авторите на истражувањето, професорот Дражен Прелец, објасни сè во детали и рече дека активирањето на стриатумот – сивата материјата што се наоѓа во белата маса, чија основна улога за фронталниот лобус на мозокот е интеракцијата на мотивацијата, емоциите и когницијата – го поттикнува „провлекувањето“ на кредитна картичка, без оглед на цената на она што го купува лицето. Дури и ако цената е висока, лицето не чувствува каење, туку напротив, чувствува задоволство, пренесува UNILAD.