Уморна мајка престана да ја чисти куќата за да види како ќе реагира нејзиното семејство: „Изгледа дека ја преживеавме апокалипсата“

19 март, 2021
majka

Што се случува кога некое лице, кое инаку е единствено што ги извршува сите домашни работи, престане да ги чисти и средува? Дали остатокот од семејството ќе забележи и ќе започне да се чисти по себе?

Ова е токму она што една уморна мајка сакаше да го открие кога започнала со штрајкот за чистење. Корисникот на Твитер @MissPotkin одлучи да види што ќе направи нејзиното семејство ако престане со сето чистење, а резултатите не ја воодушевуваат.

Пред два дена решив да престанам да мијам садови. Ги подготвувам сите вечери и доволно e тоа.Оттогаш, овој куп се појави и во одреден момент останавме без лажици, чаши и чинии – напиша таа во својот пост и сподели фотографија од насобраните валкани садови.

На третиот ден од штрајкот, таа откри дека семејството го користело последниот сад и лажица, но никој не кажал збор и не помислил да ја допре машината за миење садови. Сепак, подоцна тој ден ја постигна својата прва победа – некој ја испразни корпата за отпадоци! За жал, напредокот траеше кратко, бидејќи нејзиниот партнер подоцна направи чаша чај користејќи „лажица за бебе“.

Каније откри дека престанала да ги пере алиштата и ги покажала купиштата неизмиена облека што почнале да се формираат во нивниот дом.

– Почна да изгледа како да сме ја преживеале апокалипсата. Последното парче тоалетна хартија беше искористено синоќа во 19:04 часот. Сè уште не е заменето. Сега веќе и се чинеше дека се губи сета надеж и дека прво ќе мора да се откаже од штрајкот, но потоа се случи чудо. Еден член на нејзиното семејство, по четири дена, сфатил дека е тешко да се мијат садовите секој ден и започна да ги става садовите во машината за перење и да ја чисти кујната.

escort - Korsan taksi