ВЕНЕРА ВЛЕГУВА ВО ДЕВИЦА! На 21 јули се менува сѐ – моќен АСТРО ПЕРИОД кој носи ПРОМЕНИ ЗА ОВИЕ ЗНАЦИ

20 јули, 2021
342325_venus-1351056-1280_f

Венера, планетата на љубовта, убавината и уживањето, влегува во знакот на Девица на 21 јули, а Марс ќе ѝ се придружи на 27 јули. Поради влијанието на овие две планети, емоциите ќе бидат незауздани

Додека Венера поминува низ знакот на Девица, заљубените ќе станат повнимателни кон партнерот, ќе задоволуваат повеќе и ќе бидат пожртвувани.

Без оглед на кој знак припаѓате, сочувството, лојалноста и грижата ќе бидат клучните зборови во овој астро период. Ќе покажете љубов кон оние што ги сакате така што ќе бидете на располагање и ќе им угодувате.

Ќе се обидете да држите сè под контрола, ќе размислувате и ќе се грижите повеќе од вообичаено. Ова може да влијае на вас и да ги наруши вашите секојдневни навики, а особено ќе влијае на Близнаците, Стрелците и Рибите. Овие три знаци ќе наидат на мали препреки, особено на љубовно поле. Транзитот на Венера низ знакот Девица нема да биде најповолен за нив, но добрата вест е што по овој астро период, состојбата за нив се подобрува.

Од друга страна, земјените знаци Бикот, Јарецот и Девицата, но исто така и Ракот и Скорпијата, ќе почувствуваат наплив на позитивна енергија и убави настани. Ѕвездите ќе им бидат поповолни од вообичаеното, а астролозите ве советуваат добро да го искористите овој период и да започнете да реализирате сè за што долго сте сонувале. Сега е вистинското време за тоа.