ВЕНЕРА ВО БИК! Неверојатен АСТРО ПЕРИОД – внимавајте што САКАТЕ, бидејќи ЖЕЛБИТЕ сега се ИСПОЛНУВААТ

20 април, 2021
342325_venus-1351056-1280_f

Влегувајќи во знакот на Бик, Венера привлекува љубов и ја нагласува желбата за уживање и хедонизам. Ќе бидат нагласени страстите, како и желбата да доживеете незаборавни моменти со вашиот партнер. Бикот сака стабилност, безбедност и не сака многу промени, а овој месец промени ќе има во изобилство

Прашањето е дали сакате да го одржувате мирот по секоја цена или да дозволите срцето да ве води. Ако го изберете првото, војната ќе започне да се случува во вас. Уран во знакот на Бик носи промени и ненадејни љубовни ситуации, па многу Бикови и Близнаци ќе се вљубат во текот на овој месец.

Ако навистина сакате нешто, само треба да ги ускладите вашите желби. Не можете да бидете тажни и депресивни и да очекувате страсна љубовна романса, тешко ќе се случи затоа што слични привлекуваат слични. Овој месец носи можности, затоа искористете ги.

Следниот период ветува многу, само бидете храбри да ги искусите новостите и да излезете од зоната на удобноста, особено ако веќе некое време ви е здодевно.

На кои знаци Венера во Бик им носи нова љубов?

 За Овенот влијанието на Венера во Бик ќе го активира полето на пари и финансии, ќе ја потенцира желбата да уживате во добра храна и страствени забави со саканата личност. Женските припадници на овој знак, исто така, можат да очекуваат скапи подароци од своите партнери или заедничко патување.

За Биковите, ова влијание носи љубов и страсно за заљубување. Венера се движи низ вашето прво поле, ви носи убавина, екстаза, привлечност. Ќе оставите импресивен впечаток каде и да се појавите, пишува Astrousluge.com

Ова влијание носи и љубов и за Близнаците, но тајните љубовни врски ќе бидат особено активирани. Има толку многу привлечност кон тајниот партнер, па иако можеби сте противник на ваквите врски, овој пат ќе ви биде тешко да одолеете.

Љубовта на Раковите им се случува преку полето на пријателството, иако сега може да се случи некое пријателство да се претвори во волшебна врска, бидејќи Венера во Бик ги буди сите сетила и носи неодолива потреба за уживање.

За Лавовите, Венера активира поле на кариера каде што можете да очекувате успех, но исто така можете да станете омилени меѓу колегите и соработниците. Љубовта со личност преку работа е нагласена.

Кај Девиците се активираат областа на долгите патувања и високото образование, па затоа многу ќе размислувате. Едно лице од далечина е наклонето кон вас, многумина од вас ќе влезат во емотивна врска со личност која е поврзана со странство.

Кај Вагите ќе биде нагласена страста. Тешко дека ќе останете сами овој месец. За оние Ваги кои веќе имаат партнери, следи период на уживање со саканата личност, но премногу напнатост укажува и на можност за некои љубоморни испади.

Скорпиите имаат шанса да го подобрат партнерството, особено оние кои се во долга врска или се во брак. Слободните Скорпии ќе ја сретнат својата фатална љубов на јавно место.

Стрелците ќе бидат прилично насочени кон работата и секојдневните обврски. Личноста со која  деловно соработувате е заљубена во вас веќе некое време.

За Јарците влијанието на Венера е силно поставено на полето на слободни врски, предбрачни врски. Оние кои се во подолги врски лесно можат да стапнат на лудиот камен.

Водолијата ќе биде свртена кон дома и ќе го среди својот простор. Имате одлични идеи и планови кои лесно можете да ги реализирате во текот на следниот период. Добриот однос со себе носи и добра врска со партнерот. Се зависи од вас.

Рибите се насочени кон сонување за љубов, само чувствувате дека сега е вистинското време за љубов. Во текот на следниот период, љубовта може да ја сретнете на кратко патување, на улица или во превоз.