VIBER Е БЛОКИРАН Милиони корисници во моментов не можат да ја користат популарната апликација

13 февруари, 2021
Screenshot_2

Некои корисници на Viber  ширум Светот објавија дека имале, а некои од нив сè уште имаат проблем да ја користат популарната апликација.

Некои корисници не можеа да испраќаат линкови, други не можат да се најавуваат, додека трети беа известени дека не можат да се најават затоа што немаат интернет, иако беа правилно поврзани.

Наскоро пристигна одговор од Viber .

– Поради технички проблеми, некои корисници имаа потешкотии при најавување на нивните сметки на Viber  (тие беа одјавени од сметката) – објави Viber  на својот официјален профил на Twitter.

Тие побараа од корисниците трпеливост.

– Ве молиме, не деинсталирајте го и инсталирајте го повторно Viber бидејќи тоа нема да го реши проблемот. Viber  брзо ќе се врати – додаваат од Viber.

escort - Korsan taksi