ВИДЕО: Вагнер група, Путиновите кучиња на војната

19 август, 2021
wagner group

Новото истражување на Би -Би-Си го  откри обемот на операциите на група руски платеници кои работат од сенка под името „Вагнер“. Оваа приказна е сместена на бојното поле во Либија и оваа група е поврзана со бројни воени злосторства, како и со руската армија.

Сега, откриен е таблет Самсунг, оставен од борец од групата Вагнер, што ја открива клучната улога на оваа група – како и имињата на ловците што може да се следат. Би-Би-Си дојде до „листа за купување“ со најсовремена воена опрема, за која експертите велат дека може да дојде само од руски воени резерви. Русија негира каква било поврзаност со групацијата Вагнер.

Оваа група веќе неколку години е под лупа на светската јавност поради бројните сведоштва за наводното извршување воени злосторства, како и поврзаноста со структурите од воениот и разузнавачкиот сектор на Русија.

Официјално, групата Вагнер не постои, но се верува дека се состои од најмалку 10.000 борци. Тие првпат се појавија за време на конфликтот во источна Украина во 2014 година, а потоа се зборуваше за нивното учество во конфликтите во Сирија и Либија, пренесува Би -Би -Си.

Се проценува дека околу 1.000 борци од оваа група се бореле на страната на генералот Калифа Хафтар во Либија од 2019 до 2020 година.

Би -Би -Си направи интервју со еден  поранешен борец од оваа група  за да ја опише работата и делувањето

„Тоа е структура чија цел е да ги промовира интересите на државата надвор од границите на нашата земја“.изјавил поранешниот припадник на Вагнер групата.

Што се однесува до професионалните припадници на Вагнер, тој оценил дека тие биле или „воени професионалци“, луѓе кои бараат работа или романтичари кои сакаат да и служат на својата земја. Друг припадник на оваа група  за Би -Би -Си изјави дека не постојат јасни правила на однесување за оваа група. Ако затвореникот не може да им даде никакви информации или не може да работи како роб, тогаш е „јасно што се случува со него“.

Првото појавување на групата Вагнер беше забележано во борбите на страната на проруските сепаратисти во Украина, кога Русија го анектираше Крим во 2014 година, и оттогаш тие се бореа на бројни сцени промовирајќи ги руските интереси – во Сирија, Мозамбик, Судан и Централна Африка, иако Русија никогаш официјално не призна.

Официјалната позиција на Русија пред светот е дека   не знае ништо за споменатата група, чие постоење администрацијата на Путин го негира. Според некои од поранешните членови, групата броела до 10 илјади членови, а околу илјада од нив се бореле на страната на генералот Хафтар од април 2019 година, до прекин на огнот на крајот на 2020 година. Причините за приклучување кон единицата обично се од финансиска природа или едноставно луѓе со поголемо воено искуство одлучиле  да се стават во „неофицијалната“ служба на државата, пренесува Јутарњи лист.

Вклучувањето на групата Вагнер во конфликтите во Либија досега беше предмет на бројни шпекулации, додека не беше откриен еден таблет, оставен од борец вклучен во воените активности на платеничка паравоена војска. На него, на руски, беа кодните имиња на борците што може да се проследат, и покрај тоа, имаше листа на оружје што членовите го бараа, што – според експертите – може да се добие само од воспоставени воени структури како што се руската армија.

Инаку засега останува и мистерија кој е основачот и кој управува со оваа група.

Според  британските медиуми кои ја истражуваат работата на Вагнер групата пренесуваат дека извесен Дмитриј Уткин, поранешен член на ГРУ, руската воена разузнавачка служба е верува дека е основач на Вагнер, бидејќи тоа беше неговото кодно име во поранешната служба. Покрај Уткин, експертот се споменува  и името на Евгениј Пригогин, богат бизнисмен близок до претседателот Владимир Путин.

Истрагите на западните новинари го поврзуваат Пригогин со Вагнер групата . Семејството Пригонин  отсекогаш имало некаква врска со оваа платеничката група, пренесува Би -Би -Си.

escort - Korsan taksi