Внимание! Скоро секој го има ова во куќата, a привлекува лоша енергија

11 септември, 2021
Screenshot 2021-09-11 201502

Според традицијата на фенг шуи, најважно е да се чувствувате добро во вашиот дом и во него да владее позитивна енергија

Во фенг шуи, се верува дека чувањето стар календар во куќата или држењето на ознаките на календарот на погрешен ден или месец, може негативно да влијае на енергијата во целата куќа. Не чувајте стари календари во вашиот дом, без разлика дали се скриени од погледите.

Кога има стар календар во домот, тоа укажува на неред и хаос. Минатото е стагнирачка „чи“ енергија; старите календари ќе ве држат во минатото и ќе ве спречат да продолжите напред. Исто така, не треба да чувате стари календари само затоа што ви се допаѓаат. Ако е поради сликите, можете да ги исечете сликите, да направите колаж и да ги фрлите старите календари.

Календарите не потсетуваат на важни датуми, па затоа се исклучително важни според фенг шуи. Експертите откриваат во кој дел од домот треба да се стави календар со цел да се привлече добра енергија. Календарот не треба да се чува на влезната врата, во бањата, спалната соба, трпезаријата и надвор од источниот сектор. Поволен простор за календар според фенг шуи е северниот дел на домот, работната соба или канцеларијата.