Војна на хоризонтот?

8 април, 2021
војна на хоризонтот

Воени експерти велат дека Русија распореди војници и стратешко оружје на Крим, источна Украина и околу земјата.

Иако во Москва тоа го негираат, прашањето е дали сè е провокација или подготовка за офанзивата, пишува „Дојче веле“.

Западот е загрижен поради маневрите на руските трупи на границата со Украина. НАТО вети дека ќе продолжи да ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека многу внимателно ќе ја следи ситуацијата. Слично повторуваа и претставници на ЕУ, Германија, Франција и САД.

На социјалните мрежи кружат извештаи за преместување на руските единици во областа Бријанск, Вороњеж и Ростов и на анектираниот полуостров Крим. Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, рече дека Русија има слобода да ги префрла своите трупи на нејзината територија. „Русија никому не се заканува и никогаш никому не му се заканувала“, рече тој.

„Ново средство за притисок врз Западот“

Рускиот воен набљудувач Александер Голц смета дека постапките на Русија имаат демонстративен карактер: „На Русија ѝ е потребно ново средство за притисок против Западот“, рече Голц, а тоа сега е опасноста од војна против Украина.

Пред да биде уапсен опозиционерот Алексеј Навални, како одговор на санкциите од Западот, имало закани дека ќе се зголеми притисокот врз руската опозиција. „Многу работи се на коцка. Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја продолжи оваа политика на уцени и притисок, иако во принцип не е за воени дејства“, додаде Голц.

Дури и ако Русија планира офанзива, Голц вели дека упад во Донбас е тешко можен пред средината на мај. „Сè додека степата не е сува, не може да почне офанзива. Ќе се заглават во кал, како што често се случуваше“.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Руслан Хомчак, неодамна изјави дека на украинската граница, како и во областите што не се под контрола на Киев – во Донбас и Крим, веќе има 28 тактички баталјони од Русија.

Според Хомчак, кој се повикува на информации од украинската тајна служба, Русија под изговор за подготовки за маневрите „Запад 2021“ со Белорусија, сака да испрати 25 дополнителни тактички баталјони во Украина. „Тие, заедно со силите кои веќе се на границата со Украина, претставуваат закана за воената безбедност на државата“, рече главниот командат на украинската армија.

„Закана за целото источно крило на ЕУ“

Павел Фелгенхауер, независен руски воен експерт, не исклучува дека Русија се подготвува за ескалација во Донбас. „Армијата е подготвена, но дали ќе има наредба од политичарите?“, се прашува тој.

„Приближно шест месеци – од јули или август до Нова година – во Донбас имаше вистински прекин на огнот. Речиси воопшто не се пукаше. А во јануари почна ескалација на фронтот и во пропаганда – особено од руска страна“, потсетува аналитичарот.

На овој начин Русија сака да ја принуди Владата во Киев да направи отстапки во преговорите за Донбас, вели Владимир Фесенко од украинскиот Центар за применети политички студии Пента. Политикологот претпоставува дека Русија сака да постигне нова рунда во преговорите со Западот. При тоа, Владата во Москва сака да се дискутира за западните санкции, вклучително и американските санкции поради изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

Фесенко не исклучува воен конфликт и истакнува дека Крим сега е огромна воена база: „Таму се концентрирани модерно стратешко и тактичко оружје, не само Црноморската флота, туку и големи воени групи и офанзивни воздушни сили“.

Покрај тоа, вели тој, маневрите извршени во Белорусија во последните години не ја загрозија само Украина, туку и на балтичките земји, Полска и целиот источен блок на Европската унија.

„Русија одамна е подготвена за инвазија“

Михајло Самус од Киевскиот „Центар за армија, конверзија и разоружување“ е убеден дека Русија веќе подолго време се подготвува за инвазија. Бидејќи, уште меѓу 2014 и 2018 година, руската армија концентрирала опрема и единици на границата со Украина.

„Всушност, Русија формираше три нови армии околу Украина“, рече експертот. Шест подморници со ракети Калибар кои можат да носат нуклеарни боеви глави се преместени на Крим. Но, Самус не верува дека Путин би се осмелил на отворен конфликт затоа што претпочита „хибридни провокации“ преку пропаганда.

Според Сузан Стјуарт од Берлинската фондација за наука и политика (SWP), Русија сака да покаже дека сè уште има можности да ја дестабилизира источна Украина. Што се однесува до Западот и особено новото раководство во САД, таа вели: „Ако тоа беше тест на руското раководство, тогаш видоа дека Западот реагира на тоа“.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris