Вторник е ден за заостанати обврски, четврток за секс: Клучот за успехот лежи во правење одредени работи во одредени денови!

30 мај, 2021
76d0b82bf8685cf2db2add8a2befdadec5e4eebb_da0938b166a12ccf1b3e5ac002160cac0e9a2cde_articlemain

Според неодамнешно истражување на британски научници, откриено е дека ако правиме некои работи во одредени денови, успехот нема да изостане…

ПОНЕДЕЛНИК

Иако никој не го сака и е познат како најстресниот ден во неделата, британските научници тврдат дека тој е најдобар за ослободување од стресот. Затоа, најдете време за одмор и релаксација бидејќи понеделник е ден кога шансите за срцев удар се зголемуваат за 20 проценти.

ВТОРНИК

Најдобар ден за да ги средиме заостанатите долгови. Имено, ние сме најпродуктивни во вторник. Студијата вели дека рационалниот дел од нашиот мозок доминира во размислувањето во првите денови од неделата и дека треба да го искористиме ова за да извршуваме дневни рутински задачи.

СРЕДА

Ова е најдобриот ден да се оди во потрага по принц на бел коњ. Среда е совршена за прв состанок, тврдат повеќе од 40 проценти од 8.000 анкетирани синглови. Покрај тоа, средата е идеална за барање покачување на работното место затоа што шефовите се тогаш „најразумни“.

ЧЕТВРТОК

Ден за секс! Нивото на хормонот кортизол, кој ги стимулира половите хормони, е на својот врв. Нивото на полови хормони тогаш е петпати поголемо и кај жените и кај мажите.

ПЕТОК

Петок е најдобриот ден да се ослободите од некои штетни или досадни навики. Причината за ова е претстојниот викенд, кога сме порелаксирани и кога имаме посилна волја, тврдат научниците.

САБОТА

Ако сакате потомство, тогаш ова е најдобриот ден да започнете да работите на тоа. Друга студија открила дека децата зачнати во сабота имаат поголеми шанси за успех во животот (знаеме и ние се прашуваме како го пресметале ова).

НЕДЕЛА

Дефинитивно е најдобриот ден за одмор. Поминете го во слободни активности и во друштво на драги луѓе.

escort - Korsan taksi