За прв пат на плоштадот во Скопје, руската амбасада го одбележа денот на победата над фашизмот

10 мај, 2021
ambasador_rusija

Руската амбасада во Скопје, како никогаш досега, го прослави Денот на победата во центарот на Скопје. Рускиот амбасадор дојде на плоштадот во придружба на неговиот персонал и заедно со кинескиот амбасадор, за да ја гледаат во живо парадата во Москва, по повод победата над фашизмот во 1945 година и денешниот говор на претседателот Владимир Путин, кој се појави на еден од најголемите екраните на плоштадот. И покрај симболиката што овој настан се обиде да ја пренесе, бројот на граѓани што присуствуваа на настанот беше мал.

Парадата имаше за цел да ја покаже силата на Русија и нејзината позиција во светот, а ваквата појава беше невообичаена во срцето на Скопје. Претходно, на улицата 9 Мај во Скопје, рускиот амбасадор Баздникин, кој положи цвеќе во чест на овој ден, зборуваше за црвените линии на Русија и со заканувачки јазик кон земјите што не ги почитуваат.

„Ние ги браниме и ќе продолжиме да ги браниме нашите интереси во рамките на меѓународното право. Но, ако некој не сака да има дијалог, избере себичен и арогантен тон, Русија секогаш ќе најде начин да ја одбрани својата позиција. Се надеваме дека никој нема да помисли да ја премине таканаречената „Црвена линија“ во однос на нашата земја. Каде ќе се повлече оваа линија, како што нагласи претседателот Путин, во секој случај сами ќе ја дефинираме“, рече Баздникин.

Сепак, случајно или не, Кина денеска беше на иста страна со Русите. Го прашавме кинескиот амбасадор во земјава, Суо како се чувствува денеска што Македонија „дише“ во НАТО и се стреми кон ЕУ, на што тој одговори дека тоа е избор на Македонија.

„Учеството на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е независна одлука донесена од народот на Северна Македонија и Кина ја почитува. Северна Македонија ја почитува помошта на Кина во развојот на земјата“, изјави Жанг Суо, амбасадор на Народна Република Кина во Скопје.

Настанот не помина незабележано ниту од противниците на руската влада.

На плоштад беа поставени разни пароли против Путин, со натпис „Дали е оваа победа“ прикажани слики од рускиот претседател со знакот опасност, па дури и карикатурата на опозиционерот Навални, со натпис „Дали сте подготвени да земете втората доза отров, „Новичок”. Се спомна и руската интервенција во Крим. Додека парадата беше на екранот, над шефовите на групата што директно ја следеше парадата, леташе дрон со натпис „Путинизам“, како порака против Русија.

Настанот кој беше со голема симболика, го бојкотираа високите власти на Македонија, кои исто така покажаа сигнал кој е нивниот пат. Сепак, присутен беше првиот човек на општина Центар, Саша Богдановиќ.