ЗА ТРИ ГОДИНИ ЗАШТЕДИЛА ЗА СТАН : Овој едноставен трик стана вистински хит на Интернет

28 февруари, 2021
kalkulator-olovka-racuni

Која е тајната?

Чери Хови ги воодушеви сите со својот начин на штедење, а на овој начин секој што има доволно голем приход за да ги покрие сите трошоци за живот може да заштеди.

Шери Хоуви од Нов Зеланд стана вистински хит на Интернет откако сподели едноставен трик со кој заштеди пари за нов стан за три години, а својот „рецепт“ го откри во група на Facebook, каде воодушеви многумина со својот начин на штедење .

Таа купи нов стан во Окланд уште во 2015 година, откако за него штедеше само три години.

– Мајка ми ме научи да го организирам трошењето пари вака и по три години можев да купам стан – напишала Шери.

Па, која е тајната?

Шери тврди дека треба да ги поделите парите што ќе ги заработите на три различни сметки. Првата е сметка за вообичаените трошоци како комуналии, кирија, превоз, неделен џепарлак итн. Парите што планирате да ги потрошите за одење на фризер, купување облека и обувки, подароци, одење на лекар да ги префрлите на втората сметка треба, додека парите што сакате да ги зачувате на третата сметка.

Таа вели дека е многу важно да се држиме до овие поделби и да не трошиме повеќе од планираното.

– Не паѓајте во искушение да трошите пари на намирници од друга сметка или обратно, важно е да се придржувате на она што сте го одредиле – советува Шери, која објаснува дека на овој начин не мора да заштедувате за стан, туку за што одредена личност сака, како патување, нов автомобил…

Значи, важно е „само“ да имате доволно голем приход за да можете да ги поделите пари на три различни сметки.

escort - Korsan taksi