35-годишен маж починал од „екстремен оргазам“ со проститутка!

28 јануари, 2021
efd4bfab-29fb-4175-a654-0a193e26426b.jpeg


Тој починал од „екстремен оргазам“ откако се онесвестил за време на сексот со проститутка.

35-годишникот, кого во полицискиот извештај го доби името Чарлс Мајава, ја изгуби свеста откако имаше секс со жена во трговскиот кварт Фаломбе во Малави.

Веднаш после тоа почина, а обдукцијата покажа дека причина за смртта е прекумерниот оргазам.

Сексуалната работничка по разговорот со нејзините колеги решила да ја пријави смртта во полиција. Полицијата и медицинските лица од Здравствениот дом Мигови го испитале телото и ја потврдиле причината за смртта на 18 август минатата година.

Причината за смрт

Како причина за смртта во извештајот се наведува „прекумерниот оргазам што предизвика кршење на крвните садови во неговиот мозок“.

Полицијата потврди дека жената не е виновна и дека нема да бидат покренати обвиненија во врска со неговата смрт.

Според локалните медиуми, Мајава „починал од премногу сексуално возбудување и сладост“. Полицијата исто така потврди дека Мајава резервирал соба со сексуална работничка, но „се срушил и завршил во бесознание за време на акцијата“.

Инаку, студиите покажуваат дека сексот барем еднаш неделно го намалува за половина ризикот од рана смрт.

escort - Korsan taksi