Бизарен експеримент: Јутјубер минал 50 часа во сандак закопан под земја „Вака изгледа кога си закопан жив“

1 април, 2021
Screenshot 2021-04-01 194429

Јутјуберот, кој се претставува како „MrBeast“, одлучил да сними бизарно видео во кое претставува како е да си закопан жив. Во импровизираниот ковчег, тој помина 50 часа под земја.

Џими Доналдсон (22), како што гласи вистинското име на овој Јутјубер, го снимил секој момент кој го поминал под земја, од кои на крајот објавил 12-минутно видео.

Како што вели тој, воопшто не се чувствувал пријатно за време на експериментот, кој бил следен од тим на лекари во секој момент над земјата во присуство на неговите пријатели. За да може нормално да функционира, со себе зел храна, но и голем број пластични шишиња во кои уринирал.

“Сакам да се движам, но не можам. Грбот ме боли, почнувам да се чувствувам клаустрофобично, досадно ми е, мирисам прилично лошо”, рече тој по 20 часа поминати под земја.

Тој претходно се договорил со пријателите дека доколку излезе порано од која било причина, ќе го протресат со електричен шокер.

Откако поминал 50 часа закопан под земја, Џими започнал да плаче кога ги видел своите пријатели.

“Вака изгледа кога си закопан жив. Пресреќен сум што излегов да плачам. Ова беше глупаво”, призна тој додека пријателите го откопуваа.

Под неговиот пост на „Јутјуб“, кој имаше над 51 милион прегледи, следбениците од каналот започнаа да оставаат коментари, од кои најпопуларните беа поврзани со клаустрофобијата: „Како некој што е крајно клаустрофобичен, ова буквално ќе ме убие“, „Само додека го гледам добивам напад на анксиозност“, „ Ова е мојот најголем страв, а тој го прави тоа за забава “.