БРАЧЕН ПАР СО БЕБЕ ЖИВЕЕ ВО АВТОБУС, А ЕНТЕРИЕРОТ ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ТЕКСТ: Изгледа подобро од многу куќи! (ФОТО)

3 април, 2021
246367_dom-1_ls

Необичниот дом на едно австралиско семејство

Просторот за живеење на младата брачна двојка Крис и Ваида од Австралија е невообичаен. Тие живеат во автобус со бебето Оливер и нивното милениче, а на Инстаграм секојдневно споделуваат фотографии од нивниот необичен дом.

Тоа е реновиран стар училишен автобус кој е прилично простран, така што секој агол е фино искористен.

Тие се потрудиле да го украсaт ентериерот, не плашејќи се да си играат со боите, а го уредиле во ретро стил.

Веселиот и топол амбиент значително е украсен со растенија и слики.

Нивниот автобус дом од соби има простор за дружење, кујна, бања и спална соба.

Тие се придружени од планинското куче Борис, а судејќи според фотографиите, сите добро се сложуваат.

Следбениците се воодушевени од нивниот живот во автобусот и често коментираат како изгледа подобро од многу куќи и станови.

escort - Korsan taksi