ДОБРО И ТЕКНАЛО… Жената со најдолги нокти на светот ги исече за прв пат по 30 години (ВИДЕО)

8 април, 2021
nokti

Доста е, одамна.

Ајана Вилијамс ги исече ноктите за прв пат по 30 години.

Во 2017 година го постави Гинисовиот рекорд за најдолги женски нокти на двете раце, а вкупната должина на ноктите во тоа време и беше скоро пет и пол метри. Таа не престана да ги пуштаа, па во следните години достигнаа должина од 7,3 метри. Откако го сруши личниот рекорд, таа реши да ги скрати, пишува Unilad.

Ги растеше 30 години. “Едвај чекам нов живот. Знам дека ќе ми недостасуваат, но време е да ги скратам”, изјави Ајана, која по потекло е од Тексас.

Нејзината фасцинација со долгите нокти е резултат на нејзината љубов кон украсувањето на ноктите. Последниот пат кога ги налакирала, целиот процес траел неколку дена и таа употребила три или четири шишенца лак.

„Морав да обрнувам премногу внимание на секој мој потег за да не ги скршам или оштетам и да не се повредувам“, вели таа, а ноктите ќе бидат изложени во музеј во Орландо.

Сепак, најдолгите женски нокти некогаш забеежани не и припаѓаат на Ајана. Ги имаше Ли Редмонд и достигнаа должина од 8,5 метри, но ги загуби во сообраќајна несреќа.