Еве зошто луѓето можат да мислат дека сте глупави: Една работа влијае на мислењето на околината!

23 април, 2021
how-to-protect-yourself-from-stress

Предрасудите никогаш не завршуваат.

Современиот свет е полн со предрасуди, особено кон жените. Ако жената е убава и негувана, таа мора да е глупава, ако е успешна, сигурно дотаму стигнала преку кревет, ако носи кратко здолниште тогаш „сака само едно“ и така натаму. За жал, списокот на предрасуди е предолг за да ги наведеме сите, а како што покажа истражувањето, на веќе долгиот список треба да се додаде уште една.

Имено, ако сакате да ставите малку повеќе на лицето отколку маскара и сјај, односно сакате да ставате посилна, позабележителна шминка, околината ќе ве смета за лесна жена.

Ова се податоците на новото истражување објавено во Европскиот журнал за социјална психологија, кое покажало дека жените со силна шминка оставаат впечаток на глупавост, како кај мажите, така и кај другите дами.

Исто така, и мажите и жените се повеќе склони да ги перцепираат како лесни, односно им е многу полесно да се впуштат во необврзувачки сексуални односи.

За да ги добијат овие резултати, австралиските научници испитале 844 луѓе, чија задача била да оценат нашминкани и жени во природно издание, без шминка. Тие требаше да направат пресуда за нивниот морал и интелект врз основа на нивниот физички изглед, и како што веќе беше кажано, тие со шминка поминаа многу полошо.

Сепак, тоа не значи дека жените воопшто не треба да се шминкаат. Некои претходни истражувања покажаа дека околината ја доживува жената како попаметна ако лицето и е разубавено со малку незабележителна шминка.